Нож во грб за Рома, Шчесни се сели во големиот ривал?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот голман Војчек Шчесни би можел во лето да замине од тимот на Рома.

Овој 27-годишен фудбалер ја игра втората сезона на позајмица во тимот на Рома, но како што стојат работите, тој нема да биде таму и наредната сезона.

Иако медиумите пренесоа информација дека тој би можел да се врати во Арсенал, сепак за неговиот потпис се вклучи и Наполи.

Тимот на Наполи наводно е подготвен да понуди 10 милиони евра за него.

Во овој тим сакаат замена за Реина, чии настапи во последно време се лоши.

Ќе биде интересно да се види што ќе се случува, но сигурно дека заминување на голманот во редовите на големиот гигант ќе биде голем удар за Рома.