Нолито го напушта Манчестер Сити?


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Крилниот напаѓач Нолито, најверојатно ова лето ќе го напушти Манчестер Сити.

Нолито минатото лето од Селта Виго премина во Манчестер Сити за околу 14 милиони евра но не се покажа многу во Англија.

Одигра 19 натпревари и постигна 4 голови во тимот на Пеп, а во 2017 само еднаш беше стартер.

Сега за Нолито е заинтересиран Бетис кој е подготвен да плати околу 4 милиони евра и Нолито би бил само еден од оние кои ова лето ќе го напуштат Манчестер Сити.