Обамејанг го напушта Дортмунд за 100 милиони евра?!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Напаѓачот на Дортмунд, Обамејанг ќе го напушти тимот во лето.

Барем така тврдат медиумите, тој неколку пати имал преговори со директорот на ПСЖ.

Евентуалниот трансфер во Париз би можел да биде еден од најголемите на сите времиња. Се споменува сума од 100 милиони евра, а наводно договорот е многу блиску.

Ако потпише договор со нив, за него тоа ќе биде враќање во Франција, каде што претходно играше за Сент Етјен.

Покрај ПСЖ, за него интерес покажа и Реал. Иако овој фудбалер тврди дека сон му е да игра за тимот од Мадрид, сепак најверојатно ќе заврши во ПСЖ.

Обамејанг оваа сезона во дресот на Дортмунд беше фантастичен. Одигра вкупно 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна 34 голови.