Облак направи катастрофална грешка, Гризман постигна еврогол – Депортиво и Атлетико ги поделија бодовите (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња ремизираа Риазор против Атлетико Мадрид во натпревар од 25-то коло во Ла Лига, 1:1.

Голманот на Атлетико Мадрид, Облак направи голема грешка, а тоа го казни Андоне кој ги израдува домашните навивачи. Какута имаше шанса за зголемување на водството на Депортиво, но шутираше непрецизно.

Лукс во 33-та минута го одбрани ударот на Кореа. Филипе ја погоди стативата, а топката се одби до Гризман кој постигна фантастичен погодок за израмнување, 1:1.

Голманот на Депортиво фантастично го одбрани ударот на Торес и на крајот двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.

Ла Коруња после ова реми се наоѓа на 17-та позиција со еден бод повеќе од зоната за испаѓање, а јорганџиите останаа на четвртата позиција со девет бода помалку од третопласираната Севиља и еден повеќе од Реал Сосиедад кој е пети.