„Оваа победа е за сите кои веруваа во мене“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватскиот борец Мирко Филиповиќ откако денес го победи Мухамед Лавал, им докажа на критичарите дека и во 5-та деценија се наоѓа во добра форма.

Американецот беше нокаутиран во 2-та рунда, а потоа му се заблагодари на противникот на добрата борба.

„Оваа победа е за мене. Му благодарам на моето семејство за поддршката, моите синови и сопругата. Им благодара на сите што беа со мене. Ова е за вас.“

Кро Коп уште еднаш покажа дека годините не се важни, туку желбата и мотивот.