Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Рома, Лучијано Спалети смета дека за него и Рома 2016-та година била успешна.
Тој изјави дека Рома имала успешна година и дека во истата била во рангот на големите европски тимови.
„Од моето враќање на клупата во Рома, клубот во 38 натпревари освои 87 бодови и тоа е во рангот на Челси, ПСЖ, Атлетико, Манчестер Јунајтед, Сити и арсенал.“
„Очигледно е дека резултатите се тоа што е најважно и тоа ни овозможува да бидеме во врвот на европските тимови. Минатата година беше исклучителна, бидејќи имавме многу победи. Вистина дека навивачите не беа со нас, но градот ги слави нашите победи.“
Да потсетиме дека навивачите на Рома продолжуваат да го бојкотираат „Олимпико“ поради воведување на препреки на навивачките трибини.