„Ова беше најважниот пенал во мојата кариера“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Пашалиќ стана јунак на Милан.

Милан го освои италијанскиот Суперкуп. Натпреварот против Јувентус беше решен по изведување на пенали, а Пашалиќ го изведе последниот пенал.

„Се обидов да бидам релаксиран и мирен бидејќи знаев дека тоа е удар за трофеј.“

„Имам 21 година и секако дека чувствував одговорност. Тоа беше најважниот пенал во мојата кариера. Беше многу емотивно. Се сетив кога како дете сонував за вакви работи.“