Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шокантни информации за навивачите на Милан.
За Де Шиљо се знае, тој сака да се пресели во Јувентус, постои понуда, а Алегри вети дека ќе го донесе во Торино и го означи како мета во преодниот рок. Во јануари беше блиску до трансфер, но сега изгледа дека нема пречки.
Тој наредната година ќе се пресели во Торино, затоа што Милан не може да ризикува да го пушти бесплатно по 12 месеци.
И тоа е стара приказна.
Меѓутоа, оваа новата се однесува на Донарума, кој и овој пат не е во првиот план на Раиола.
Јувентус има некој вид на ветување дека Раиола ќе ја разгледа понудата која е подобра од таа на Милан.
Раиола сеуште не се сретнал со новите сопственици, тој бара 3.5 или 4 милиони евра по сезона, плус бонуси, но пред се да види какви планови има Милан и дали имаат Кинезите пари да направат сериозен тим.
Ако може да се пресуди според некои најави, ќе има 50 милиони евра за преодниот рок.
Јувентус е подготвен да влезе во игра, да му понуди 5 милиони на Донарума по сезона и на Милан да му даде 50 милиони за трансфер.
Поради целата приказна сигурно нема да има расплет до лето, а навивачите на Милан се плашат дека новите сопственици, ако не потпише нов договор Донарума, ќе мораат да го продадат.
Во тој случај Милан би се насочил кон Јунајтед или Арсенал, за да се избегне засилување на Јуве со Донарума кој би требало да го наследи Буфон.
Сепак, младиот голман сака да остане, но само ако Милан направи добар тим. Засега тоа не е сигурно, но останува да се види што ќе сторат Кинезите во лето.