Ова е покерот на Челси за напад на Лигата на шампионите!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Антонио Конте има планови за лето, четворица фудбалери му се приоритет.

Челси се враќа на победничките стази со Антонио Конте кој внесе револуција во англискиот фудбал.

Од тој комент кога ја промени формација во 4-3-3, неговиот тим игра далеку подобро, убедливо се први на табелата од Премиер лигата и прашање е дали некој е способен да го отстрани од таму. Имајќи ја во вид моменталната форма на останатите тимови, би рекле едно големо не.

Големи екипи како Челси на големо размислуваат и за преондиот рок на лето, а за фирмирање на тим за дополнително натпреварување кое во оваа сезона изостана, а кое најверојатно ќе биде Лигата на шампионите.

Екипата мора да биде спремна да игра во ритам среда – недела, па Антонио Конте ќе доведе неколку засилувања.

Се пишува дека бара 100 милиони од управата, а на листата на желкби пред сите му се четири фудбалери.

Прв е Муса Дембеле, напаѓачот на Селтил кој ги залуди европските гиганти, игра фантастично и цената му е околу 40 милиони фунти.

Алваро Мората е уште еден од играчите кој се наоѓа на неговата листа, што нас не наведува на заклучок дека Конте сака да го продаде Диего Коста на лето.

Третото е Виржил ван Дајк, стоперот од Саутемптон кој се наоѓа и на мета на останатите гиганти на англискиот фудбал и кој наскоро сигурно ќе го напушти Саутемптон на крајот на оваа сезона.

За нив тројца 100 милиони би биле доволни, најверојатно, а покрај нив, Конте сака и да се обезбеди на позицијата голман.

Џо Харт е во прашање, 29-годишниот голман кој во оваа сезона е во Торино. Тој е виден пред два дека како преговара со претставници на Челси.

Сигурно е дека ќе видиме заминувања од Челси, а овие четворица се играчите кои Конте сака да ги види во својот тим.

Колку е реално?