Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Трансферот би требало да ја смени мапата на европскиот фудбал.
Изгледа дека по караницата, Челси не може да го дочека крајот на сезоната за да се ослободи од Коста.
Конте е познат како злопамтило, а покрај тоа Коста ја изгуби поддршката на навивачите затоа што игра лошо во последно време, па најверојатно ќе замине од Лондон.
Поради неговите слаби игри, Челси ќе се обиде да го направи еден од најдобрите потези во деценијата за трансфери.
Англиските медиуми тврдат дека Тијанџин или Гвангжу ќе платат 100 милиони евра за него, а тоа на Конте ќе му отвори големи можности.
Да потсетиме, тој веќе доби 60 милиони евра за Оскар, па јасно е дека со сите пари кои ќе му ги даде Абрамович ова лето, тие ќе доминираат на пазарот.
Конте сака 2 напаѓачи, Мората и Лукаку, или евентуално Санчез. Шпанецот во оваа комбинација останува во резерва, во случај Арсенал да одбие да им го продаде Чилеанецот.
Конте сака нов напад, Батшуаи ќе замине на позајмица, а ќе се обидат да го донесат Љоренте.
Но продажбата на Коста е првата цела на Челси, па со околу 300 милиони евра потрошени на пазарот, тие би имале тим за титула во Европа.