Ова не е нормално: Мејведер за девет минути ќе заработи 69 милиони фунти! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Флојд Мејведер реши уште еднаш да се врати од пензија, па денеска ќе се бори против јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава.

Овој натпревар повеќе е од бизнис карактер, отколку од натпреварувачки, а правилата се навистина бизарни бидејќи нема да има судија, а ќе се борат во три рунди по три минути.

Интересно е тоа што Американецот на тој начин ќе заработи неверојатни 69 милиони фунти за борба од само девет минути.

Мејведер по рунда ќе добива 23 милиони фунти, односно 7.666.666 по минута, поточно 127.777 фунти по минута.