Ова ретко кој го знаеше: Јувентус поставил откупна клаузула при трансферот на Погба?!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба е на излезни врати од „Олд трафорд“.

Французинот не ја оправда својата висока цена, па очигледно во лето ќе го напушти клубот, а веќе се шпекулира за неговата иднина.

Медиумите од Франција пренесуваат дека Јувентус има откупна клаузула со која би можел да го врати Погба во свои редови. Наводно станува збор за износ од 60 милиони евра, но голем проблем за нив претставува платата од 12 милиони евра годишно, која ја има Погба во Јунајтед.