Ова се најлошите засилувања во историјата на Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многу европски гиганти се познати по тоа што во својата историја имаат големи промашувања со трансфери.

Манчестер Јунајтед знаеше да згреши, а денес најверојатно некои нема да можат да поверуваат кој се успеал да го носи дресот на Јунајтед.

Во продолжение следуваат девет најлоши засилувања на Манчестер Јунајтед на сите времиња, а на листата има и некои звучни имиња.

  1. Масимо Таиби

Тој е италијански голман кој пред доаѓањето во Јуанјтед настапуваше за Милан. Таиби во Јунајтед стигна во 1999 година, но не се прослави, па набрзо го напушти клубот.

Дебитираше против Ливерпул и беше играч на натпреварот. Сите очекуваа да биде вистинско засилување, но се излажаа. Потоа прими 5 голови од Челси, а беше трагичар и во натпреварот против Саутемптон(3:3).

  1. Лиам Милер

Милер е играч кој ретко кој знае дека играл за Јунајтед, но навивачите на овој клуб сметаат дека е големо промашување. Тој го носеше дресот на Јунајтед од 2004 до 2006 година и потоа кариерата ја продолжи во САД. Беше голем талент, но никогаш не ги оправда очекувањата.

  1. Дејвид Белион

Белион во Манчестер стигна во 2003 година и се задржа 3 години. Сепак, тој не успеа да остави важна трага. Навивачите го паметат по неверојатната брзина и тоа е се. Клубот го напушти во 2006.

  1. Бебе

Тој е фудбалер кој го сметаат дека е новиот Кристијано Роналдо. Тој за 7 милиони стигна во 2010 година во тимот, но сепак беше промашување. По многу позајмици го напушти клубот по четири години.

  1. Маруан Фелаини

Навивачите на Јунајтед сметаат дека Фелаини е едно од најголемите промашувања на клубот. Тој стигна во 2013 година поради Дејвид Мојс, но сеуште не се покажа. Иако е сеуште член на Јунајтед, многумина со нетрпение чекаат тој да замине од клубот.

  1. Клеберсон

Тој е едно од најголемите разочарувања на навивачите. Клеберсон имаше чест да биде првиот Бразилец кој го носел дресот на Јунајтед. Тоа требаше да биде Роналдињо, но на крајот се одлучија за Клеберсон и згрешија.

  1. Ерик Џемба-Џемба

Тој на светот му се претстави во 2002 година на СП кога беше член на Сенегал. По одличните игри во Јапонија и Јужна Кореја многумина беа воодушевени од него.

Во 2003 година стигна во Јунајтед, но никогаш не ги оправда очекувањата. Џемба-Џемба го напушти тимот во 2005 година, а моментално игра во Валорбе-Белагуес од Швајцарија.

  1. Анхел Ди Марија

Најверојатно едно од најголемите засилувања за Јунајтед во последните неколку години. Аргентинецот стигна од Реал Мадрид за 59 милиони фунти, но по само една сезона замина во ПСЖ. Ди Марија не успеа да се прилагоди во новиот тим, па тој беше само уште едно големо промашување.

  1. Хуан Себастијан Верон

На првата позиција на промашувања се наоѓа Верон. Легендарниот играч во 2001 година стигна како големо засилување.

На почетокот во Јунајтед имаше добри игри, но подоцна се изгуби. Верон не успеа да адаптира на животот во Манчестер, односно на тактиката која од него ја побара Фергусон.