Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Карлос Тевез пред една година одлучи да ја напушти Бока Јуниорс и ја прифати понудата на Шангај со кој потпиша договор на две години.
Тевез едноставно не можеше да ја одбие богатата понуда од Кина, затоа што за две години требаше да заработи 80 милиони евра. Но на него не му се остануваше во Кина и по една сезона одлучи да се врати во Бока со која потпиша соработка.
Меѓутоа, иако помина само една сезона во Кина, мора да се признае дека тој направи една од најголемите измами во светот на фудбалот. За својот нов клуб играше со 10% од можностите и беше јасно дека главна цел му е заработка на пари.
Уште на почетокот се виде дека не дојде да го остави срцето на теренот, а набрзо навивачите почнаа да го критикуваат скапо платеното засилување.
Тевез се наоѓа на мета на многу критичари ширум светот кои го обвинија за голема измама.