„Ова се тажни денови за фудбалот“


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Давид Луиз беше само еден во низата на спортисти кои не можеа да веруваат дека Раниери доби отказ во Лестер.

Актуелниот шампион на Англија оваа сезона се бори за опстанок во лигата, а тоа не и се допадна на управата на тимот, па му дадоа отказ на Раниери.

Давид Луиз на својата објава на Инстаграм напиша коментар за ова.

„Целиот свет виде неверојатна работа која ја направи Раниери и дека е одлична личност. Ова се тажни денови за фудбалот.“