Ова се 10 причини поради кои Рома верува во „Скудетото“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Титулата никогаш не била поблиску, иако Јувентус има предност. Ова се причините за голем оптимизам во Рома.

Приказната е стара, сезоните на Рома во која стартува како главен конкурент на Јувентус завршуваат во солзи.

Минатата сезона го победија Јувентус на стартот, шампионот играше лошо во текот на есента, но потоа кога влегоа во серија, никој не можеше да ги сопре.

Да бидеме искрени, на голем дел навивачи им здосади доминацијата на Јувентус во оваа деценија, а медиумите се надеваат дека наскоро ќе и дојде крајот.

  1. Сите играчи се на располагање

Иако се плашеа од јануари. За разлика од Јувентус немаат повреди, освен Флоренци кој не е достапен на тимот, но тренира и ќе се врати наскоро.

  1. Факторот „Салах“

Спалети смета дека тој е најдобриот играч во тимот. Кога замина на купот на Африка, во Рим почнаа да бараат засилување, а се споменуваше Хесе, но и без него победуваа на крајот. А сега е тука и подготвен е да го крене квалтитетот на играта.

  1. Способност да се победува без игра

Рома на некој начин го превзема рецептот од Јувентс. Во некои натпревари во последно време тие не покажаа добра игра, а сепак освојуваа бодови. Минимални победи против Каљари, Милан, Удинезе и Џенова покажаа дека Спалети ја научи лекцијата.

  1. Един Џеко

Навивачите го споредуваат со Батистута од последната шампионска сезона пред 16 години. Тој е подготвен да постигнува голови секоја недела, а тоа е многу важно за тимот.

  1. Формата на Јувентус во гости

Двата тимови победуваа во домашните натпревари. Рома изгуби во Торино, но на пролет ќе го дочека Јувентус кој во моментов има бод повеќе и натпревар помалку.

  1. Ситуацијата од минатата сезона

Во однос на минатата сезона, Рома има 12 бодови повеќе, а тоа покажува дека тимот игра многу подобро.

  1. Лига на шампиони

Главна цел на Јувентус е ЛШ. Минатата година се сретнаа со Баерн и несреќно испаднаа, па додадоа гас во првенството и лесно ја завршија работата. Сега играат против Порто, а реално е да поминат понатаму, па тука Рома ја гледа својата шанса.

  1. Спалети

Тој е  многу поискусен, многу полесно го поднесува притисокот од Гарсија, знае да го смири тимот. А исто така на клупата на Рома освои повеќе бодови од Јувентус.

  1. Одбрана

Рома одигра натпревар повеќе и прими само два голови повеќе од Јувентус. Нивната одбрана делува одлично во споредба со претходните сезони.

  1. Мотивација на ривалите

Рома е во подобра позиција отколку Јувентус. И тоа во Торино го знаат, екипите се мотивирани против Јувентус, наверојатно поради серијата во Италија.