„Овој натпревар за нас беше како финале на купот“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Екипата на Челси е се поблиску до трофеј во Англија, а по големата победа против Евертон со 3:0, изјава даде и Кејхил.

Медиумите овој натпревар го прогласија како последна шанса за Тотенхем да се доближи до Челси, но сепак нема ништо од тоа.

По првото полувреме Челси додаде гас во второто и со головите на Педро, Кејхил и Вилијан стигна до победата.

„Можеше да се види по нашата прослава, ова беше како финале на купот за нас, еден од најтешките натпревари, со оглед на тоа во каква форма играше Евертон на домашен терен во последно време.“

„Стигнавме до важна победа, но моравме напорно да работиме за неа. Голот на Педро е посебен. Некогаш е доволно само еден мајсторски потег за да го отворите противникот.“