Овој податок се зборува за слабите резултати на Интер!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на миланската екипа испаднаа од понатамошниот тек од натпреварувањето во ЛЕ, и покрај победата над Славија од Прага.

Избраниците на Стефано Пиоли често се прости од ЛЕ, бидејќи на Меаца ја надиграаа Спарта од Прага, која како првопласирана од групата К, заедно со Хапоел Бер Шева одат во понатамошниот дел од натпреварувањето.

Нероаѕурите повторно примија погодок, а мрежата не успееја да ја сочуваат во девет од претходните десет мечеви во сите натпреварувања.

Во Лига Европа вкупно примија 11 голови, најмногу во сите групи, додека во италијанската Серија А примија 21 гол и моментално се наоѓаат на 10 место на табелата.

Сите тимови од најдоброто италијанското натпреварување кои се на табелата пред примија помалку голови, а дури и Џенова и Киево кои се под Интер на табелата примија помалку погодоци во оваа сезона.

Значи, кога се ќе се согледа, делува дека одбраната е најголем проблем на екипата на Интер, Стефано Пиоли на тоа ќе мора да поработи во иднина, можеби веќе во јануарскиот преоден рок.

Познато е дека на “мета“ се Метео Дармијан и Нелсон Семедо, ќе видиме дали тие ќе бидат решение за „дупката“ во одбраната на италијанскиот гигант во оваа сезона.