Одбраната на Столе Димитриевски меѓу најдобрите одбрани на колото во Ла Лига (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата имаше уште една солидна партија за Рајо Валјекано во поразот од Џирона минатиот викенд.

Димитриевски со една своја одбрана се најде во ТОП 5те одбрани на колото во Ла Лига. Нашиот голман не можеше да го спречи поразот на Рајо (2:0) кој се уште се наоѓа во опасната зона на табелата.

Димитриевски константно брани во одлична форма за Рајо Валјекано и токму затоа го привлече вниманието на неколку големи клубови во Ла Лига. Најсериозен интерес засега има од таборот на Валенсија.