Одбраните на Де Геа против Арсенал (видео)


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Манчестер Јунајтед успеа да слави голема победа на гостувањето на „Емирати“ кај Арсенал, а најзаслужен за тоа секако е Давид Де Геа.

И покрај тоа што Лингард постигна два погодоци, Погба два пати асистираше, а Матиќ ја контролираше средината на теренот, најдобар играч на вечерашниот натпревар дефинитивно беше Давид Де Геа кој зад своето име запиша дури 14 интервенции со што постави нов рекорд во Премиер Лигата. Досега рекордот за најмногу интервенции на еден натпревар го имаше Том Хитон кој против Манчестер Јунајтед одбрани 12 удари кон неговиот гол.

Шпанецот во шест наврати спаси сигурен гол, а највпечатлива беше двојната интервенција по ударите на Лаказет и Алексис.

Погледнете ги бравурозните интервенции на шпанскиот репрезентативен чувар на мрежата: