„Одиме во Барселона да постигнуваме голови“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус Макс Алегри беше многу задоволен после вечерашната победа на неговата екипа против Барселона, но порача дека екипата мора да биде внимателна пред реванш натпреварот на стадионот Ноу Камп.

Јувентус вечерва ја порази Барселона со 3:0 во рамките на првиот меч од четвртфиналето на Лигата на Шампионите, а Алегри после мечот рече дека екипата оди во Барселона со цел да постигнува голови.

„Мораме да бидеме задоволни после оваа одлична партија, игравме тактички многу добро и во нападот и одбраната. Го направивме првиот чекор кон полуфиналето, другиот ќе биде многу подруг. Во Барселона ќе одиме да постигнеме голови. Јас сакам да сонувам, но исто така сум и реален. Многу сум задоволен поради се што екипата направи во минатите неколку години. Сите во Европа повторно не почитуваат. Тоа е одличен резултат на многу работа во минатите три години“, рече Алегри па ја допре и одличната партија на Дибала.

„Дибала вечерва покажа дека има одличен квалитет. Освен тоа, вечерва сите беа одлични. Неговата одлична реализација беше одлична, но многу сум среќен и поради останатите фудбалери“, порача Алегри.