Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Иако беше повреден, Ибра потпиша нов договор со Јунајтед, а се врати на терените пред очекувањата, но јасно е дека тој и Лукаку не може да играат заедно, па Швеѓанецот се повреди повторно и во март би можел да го напушти клубот.
Никој не го брка од тимот, но ако Јунајтед нема шанса во ЛШ, јасно е дека Ибра би сакал да замине и да земе повеќе пари.
На тоа го убедува наводно и Раиола, а Галакси му нуди богатство за да стане нивно заштитно лице, а Златан има и неверојатна понуда од Кина.
Сепак, тој не сака да замине на Истокот, а Америка му е цел и би можел да замине таму во март пред почетокот на сезоната, наместо во јуни кога му завршува договорот.
Одлуката останува на него, а останува и надежта дека Јунајтед би можел да го освои трофејот во ЛШ.