Одговор како од топ: Спалети одговори кој е новиот шампион на Чизмата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер е во низа на одлични резултати, во многу очигледна позиција се да се пласираат во нокаут фазата во Лигата на шампионите, додека во Серија А ја заземаат втората позиција.

Заостануваат зад Јувентус со шест бодови што не е невозможно за стигнување, особено ако се знае дека „Бјанконерите“ ги очекува гостување кај Милан.

Од друга страна, „Нероаѕурите“ играат со Аталанта и се надеваат на нова победа која би ги доближила до лидерот.

Сепак, Лучано Спалети смета дека италијанскиот шампион најверојатно уште сега е познат.

„Најсилната екипа во Италија е Јувентус, тие веројатно ќе ја освојат новата титула. Меѓутоа, има многу предизвици во текот на првенството кое можат да ги популаат“.

„Ќе биде невозможно да ги залулаат, но невозможното во фудбалот се случувало и порано“, истакна Спалети.