Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед одбраната на трофејот во ФА Купот ќе го почне против Рединг, одлучено е денеска на ждребот.
Јунајтед во минатата сезона го освои својот 12 трофеј во Фа куп победувајќи го во финалето Кристал Палас, а денеска го дозна противникот во третото коло од тоа натпреварување.
Клубовите Премиерлигата и Чемпионип своето учество во ФА Купот го почнуваат од третото коло.
Манчестер Сити ќе гостува на Вест Хем, што е еден од четирите премиерлигашки дуели во третото коло.
Челси имаше повеќе среќа на ждребот, поради тоа што ќе игра со победникот од дуелот во кој се среќаваат Питерборо Јунајтед и Нотс Каунти.
Фудбалерите на Ливерпул ќе го угостат или Њупорт Каунти или Плимут, Арсенал ќе патува во гости кај Престон, додека Тотенхем ќе ја дочека Астон Вила.
Евертон во третата рунда од ФА Куп ќе биде домаќин на Лестер, Хал ќе го дочека Свонси, а Барнли оди во гости кај Сандерленд.
Натпреварите од третото коло од ФА Куп се игра меѓу 6 и 9 јануари 2017 година.