Одржани главните разговори во Париз: Мбапе побарал трансфер!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Реал Мадрид наскоро би можел да стане нов клуб на одличниот млад француски напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Споменатите шпекулации се интензивираа откако на клупата на „кралевите“ се врати Зинедин Зидан, кој го посакува неговиот помлад сонародник.

Ако му се верува на новинарот Едуард Инда, трансферот на Мбапе во Реал Мадрид би можел да биде поблиску од тоа што се претпоставуваше.

Тој во гостувањето на шпанската ТВ-емисија, Ел Чирингито кажа дека 20-годишниот Мбапе веќе имал разговори со Зидан, па му кажал на тренерот на Реал дека е подготвен да испрати барање за трансфер на првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Инда порача и дека „кралевите“ имаат подготвен план, па ќе се обидат да го убедат Ал-Келаифи да се согласи на трансфер, а во договорот би можеле да се вклучат Иско и Хамес Родригез.

Родригез наводно е незадоволен во Баерн Минхен, во кој е на двегодишна позајмица од Реал, па се шпекулира дека ќе се врати на „Сантјаго Бернабеу“ на крајот на сезоната, но неговиот комплициран однос со тренерот Зидан би можел да значи дека тој ќе биде испратен во ПСЖ.

Иско поголем дел од сезоната го помина на клупата, најмногу поради караницата со поранешниот тренер Сантијаго Солари.

Се очекува Зидан да го врати во екипата, но не би било чудно доколку на лето го искористи во преговорите со ПСЖ.