Од Арсенал отворени за продажба на Озил


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека од таборот на Арсенал се отворени за продажба на Месут Озил во јануарскиот преоден рок.

„Индепендент“ пренесува дека менаџерот на „топчиите“ Унаи Емери не се согласува со Германецот и неговата улога во тимот е доведена во прашање.

Наводно извор близок до клубот потврдил дека речиси секој фудбалер на Арсенал се вклопил во новиот систем на Емери, освен Месут Озил.

Комплицирано за другите клубови ќе биде тоа што Месут Озил има плата од 300.000 фунти неделна плата, па тешко дека би прифатил намалување на истата со цел да се пресели во друг тим.