Од Баерн го потврдија интересот за Горецка

Играчот на Шалке, Леон Горецка се поврзува со многу клубови од најдобрите лиги во Европа. За германскиот репрезентативец интерес има од Барселона, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

Германскиот клуб и актуелен лидер во Бундеслигата и официјално го потврди интересот за младиот фудбалер.

„Леон Горецка е одличен играч, тоа е јасно. Тој е играч на Шалке и ние го почитуваме тоа. Фактот што е германски интернационалец е јасен знак ние да бидеме заинтересирани за него“- коментираше спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.