Од Вердер признаа: Навистина го шпиониравме тренингот на Хофенхајм…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вердер и Хофенхајм ги одмерија силите на средината на изминатата седмица во Бремен, а мечот на крајот беше завршен без победник 1:1.

Натпреварот помеѓу овие екипи се играше во рамки на 16. коло од германската Бундеслига, и клубовите на крајот ги поделија бодовите. Потоа настана скандал бидејќи од Хофенхајм ги обвинија противниците дека го шпионирале нивниот тренинг по што испратиле дрон над тренинг центарот.

Од Хофенхајм тоа веднаш го пријавиле во полиција,а со денови не беше познато за чиј дрон се работи. Сепак од Вердер одлучиија да признаат дека навистина ги шпекулирале тренингот на противничкиот тим и испратија извинување.

„Вердер користеше дрон во текот на тренингот на Хофенхајм изминатиот вторник. По разговор со тренерот одлучивме тоа да го направиме и беше многу погрешно. Се извинуваме поради тоа и сигурно сме дека тоа повеќе нема да се повтори“, порачаа од Вердер.