Од Галакси порачуваат: Ибрахимовиќ е посебен играч, сакаме да го задржиме


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Техничкиот директор на Лос Анџелес Галакси, Јован Кировски во разговор за Скај Спорт изјави дека овој тим има намера да го задржи Златан Ибрахмовиќ.

Да потсетиме, во последно време странски медиуми се повеѓе пишуваат дека Златан ќе го напушти тимот на Галакси во зимскиот преоден рок и дека ќе се врати во Европа, односно во Милан.

Некои пренесуваа дека неговиот агент Мино Раиола имал средба со челниците на Милан и дека преговорите добро напредуваат, а во меѓувреме Кировски порача дека попучарниот Ибра е посебен играч и дека Галакси има намера да го задржи.

„Ибрахимовиќ е фантастичен играч, како за нас, така и за целата МЛС лига. Тој е најдобар играч кој дошол во САД. Тој секогаш сака да победи и да постигне гол. Неговиот договор не истекува, има уште една година договор со нас. Сакаме да биде среќен во нашиот тим и работиме на тоа за да остане во Галакси. Тој е посебен играч за нас. Тоа што постигна толку многу голови после повредата која ја имаше во Манчестер Јунајтед е неверојатно. Постојат многу фантастични играчи, но ниеден не како него“, рече Кировски.

Откако дојде во МЛС, Ибрахимовиќ на 27 натпревари има постигнато 22 голови.