Од коњ на магаре: Заминува фудбалер од Евертон!


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите, Рој Хоџсон сака уште еден напаѓач.

Кристал Палас во зимскиот преоден рок ќе се обиде да донесе уште еден напаѓач, а според медиумите повторно на нивниот радар е напаѓачот на Евертон, Умар Нијасе.

Нигериецот не е во првиот план ниту кај Сем Алардајс, како што не беше ниту кај Роналд Куман, но сепак добро ги искористи своите шанси оваа сезона. Тој на 14 натпревари постигна 6 голови и 1 асистенција.

Сепак, доаѓањето на Тосун во тимот значи дека него го очекува уште помала минутажа, па Кристал Палас може да му понуди шанса да се натпреварува со Бентеке за место во првите 11.

Останува да видиме што ќе се случува до крајот на преодниот рок.