Оздравувањето на Дурант оди во најдобар ред!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Службата за односи со јавност на Голден Стејт на својот Твитер профил објави известување за здравствената состојба на Дурант.

Тој доби тешка повреда против Вашингтон пред еден месец, но по се изгледа дека ќе се врати побрзо од што се очекуваше.

„Кевин направи голем напредок. Немаше никакви проблеми и напредува многу добро. Тој се приклучи на тренинзите, но сеуште не е подготвен за игра. Започна да вежба удари, трчање и скоокање. Неговот враќање ќе биде разгледано по напредокот во тренинзите.“

Следната проценка за Дурант ќе биде направена за 7-10 денови.