„Озил, дојди во Баерн ако сакаш трофеи“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Германија Михаел Балак порача на својот сонародник играчот за врска на Арсенал Месут Озил дека има многу корист од доаѓање во минхенски Баерн.

Репрезентативецот на Германија е на мета на бројни клубови и прашање е дали ќе остане во дресот на Топџиите.

„Месут е неверојатен играч. Тој знае дека е еден од главните ѕвезди на Арсенал. Многу клубови сакаат да го имаат во своите редови. Но, ако Озил ако сака да освојува големи титули, во Баерн ќе има многу поголеми шанси“, рече Балак.

Некогашниот играч на Баварците смета дека платата на Озил е како голема пречка за Баерн.

„Мислам дека примањата на Месут ги обезхрабрува Баварците. Ако погледнете колку пари трошат клубовите во Англија и Кина, јасно е дека неизбежно е Баварците наскоро да издвојат 50 и повеќе милиони евра. Мораат напорно да работат доколку сакаат рамо до рамо да бидат со најдобрите клубови. За купување на играчи од светска класа неопходно е да инвестираат многу пари“, нагласи Балак.

Дваесет и седум годишниот Озил во 2013 година од Реал Мадрид дојде во Лондон, а пред тоа играше за Вердер и Шалке.