„Озил и Санчез го изневерија Арсенал“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот играч Мартин Кион мисли дека Санчез и Озил го изневериле клубот.

Кион голем дел од кариерата помина во Арсенал и остана поврзан за нив, па не чуди поради тоа што реагираше револтирано.

„Озил не беше тука кога беше најпотребен. Дали беше повреден? Дали беше болен? Се предолго се вртеше околу Озил и Санчез, а тие не беа доволни за да се обезбеди ЛШ и го изневерија клубот.“

Додека сите критики се испраќаат на нивна сметка, се погласни се шпекулациите дека тие можат да заминат од клубот на крајот на сезоната.

Арсенал како 5-то пласиран тим остана без пласман во ЛШ.