Олиник: Гласините дека играчите имале проблеми со Ајзеа Томас се “срамни”


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Кели Олиник не е расположен за новинарските приказни кои кружеа низ текот на денешниот ден, па застана во одбрана на неговите поранешни соиграчи.

 

Откако Селтикси го трејдуваа Ајзеа Томас во Кливленд, веднаш почнаа да се шират приказни дека причина за трејдот биле и наводните “проблеми помеѓу соиграчите”. Ова на својот Твитер профил експресно го демантираше Кели Олиник, кој е уште еден од играчите што го напуштија Бостон летово.

Во приказните кои ги понудија новинарите стоеше дека неколку од играчите на Бостон Селтикс биле константно иритирани од “големото его” на Ајзеа и дека тој имал “Наполеон комплекс”.

 

Олиник не беше единствениот играч кој застана во одбрана на Ајзеа Томас, тоа го направија и поранешниот играч на Селтикс, Џеред Салинџер, како и Маркус Смарт.