Ол-Стар стана неатрактивен, па се подготвуваат промени?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Самиот натпревар поврзан со сите ѕвезди не личи на ништо, без одбрана и со премногу кошови.

Крис Пол, претседателот на синдикатот на играчи веќе размени неколку мејлови со комесарот на лигата, Адам Силвер.

Проблемот на Ол-Стар натпреварот е тоа што не привлекува многу внимание, едноставно има премногу поени, атрактивни акции, но без одбрани.

Имаше многу критики на натпреварот во Њу Орлеанс, но и рушењето на рекордот на Чемберлејн, затоа што едноставно ривалите го пуштаа Дејвис да постигна поени.

„Не велам дека треба да биде интензитетот како во плеј-оф, но мора да се игра посериозно.“

Некои од промените се линија за четири поени, потоа промени во начинот на бирање на стартери, наместо навивачите тоа би требало да го прават капитените на тимот.

Легендата на НБА лигата, Пол Пирс вели дека треба да се понудат пари на играчите за да бидат посериозни, да бидат наградени, а со самото тоа и мотивирани.

„Со новите генерации е така, натпреварувачкиот карактер го изгуби Ол-Старот.“

Во секој случај и комесарот Силвер смета дека мора нешто да се менува, па ќе видиме кои се предлозите.