„Оставете го Јувентус на мир, што е премногу – премногу е!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јавноста во Италија бурно реагираше по уште ена победа на Јувентус, кој против Милан победи од пенал во 7-та минута.

Многумина по тој натпревар изјавија дека судијата повторно му помогнал на Јувентус, а некои рекоа дека повторно се повторува „Калчополи“.

Во одбрана на Јувентус застана поранешниот играч Алесио Такинарди, кој им кажа на критичарите да не претеруваат.

„Тоа се чисти глупости и навистина не можам да верувам дека со вакви работи се занимаваат луѓето. Би им рекол да го остават Јувентус на мир, затоа што е премногу – премногу е!“

„Јувентус е најдобар тим во Италија и не е случајно што се доминантни. Алегри е одличен тренер и одлично ја води оваа група на играчи која на секој натпревар го дава својот максимум. Мислам дека другите пред се мораат да се критикуваат себеси, па потоа да зборуваат за Јувентус.“