„Останувам во Мекларен“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако Розберг се повлече од Формула 1, Мерцедес тргна во потрага за нов возач.

На листата на желби се најде и Алонсо, но возачот на Мекларен-Хонда ги отфрли можностите за преминување во друг тим.

„Верувам во овој проект. Посветен сум, сакам да станам шампион со Мекларен-Хонда. Тоа е моја единствена цел.“

Шпанецот досега 2 пати ја освои Ф1, а минатата сезона заврши на 10-то место со 54 освоени бодови.

Алонсо во кариерата победи на 32 трки, а 97 пати се качи на подиумот.