Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нигериецот Виктор Мозес го продолжи договорот со Челси.
Мозес во Челси стигна од Виган во 2012 година, а потоа играше на позајмица во Ливерпул, Стоук и Вест Хем, па конечно се врати и Конте му даде вистинска шанса која ја искористи.
Одигра 25 натпревари во ПЛ, постигна 3 голови и 3 асистенции и важен дел е во тимот кој моментално е на врвот на ПЛ со 10 бодови повеќе од Тотенхем.
„Се чувствувам возбудено. Воодушевен сум поради новиот договор и сега е време целосно да се фокусирам на теренот. Сакаме да ја освоиме ПЛ и на добар пат сме.“
„Имаме одлична сезона, уживаме во фудбалот и имаме добар тренер. Сите даваме допринос, уживаме заедно и убаво е да се биде дел од овој тим.“
Новиот договор на Мозес е вреден 75.000 фунти неделно и вреди до 2021 година.