„Откако замина Канте работите се сменија!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јапонскиот фудбалер, Оказаки е еден од фудбалерите кои по освојувањето на титулата од страна на Лестер, одлучи да остане во клубот.

Иако тие во летниот преоден рок донесоа голем број квалитетни играчи, нивните резултати не можат да се споредат со тие од минатата година, а за тоа зборуваше и Оказаки.

„Да бидам искрен, сите работи се сменија откако замина Канте. Тоа беше голема загуба за нас поради тоа што моравме да ја менуваме цела структура на тимот.“

„Атмосферата во соблекувалната не се смени многу, но не знам каде се губи таа кога ќе излеземе на теренот. Можеби сеуште сме загрижени поради неговот заминување.“

Во овој момент, тимот на Лестер се наоѓа на 15-то место во ПЛ.