Откриени плановите на Милан: Заминуваат тројца, доаѓа СМС


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Росонерите“ се спремни сериозно да го засилат тимот наредното лето доколку обезбедат пласман во Лигата на шампиони, тврди „Газета дело Спорт“.

Најголема желба останува ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ за кого Милан беше заинтересиран и минатото лето. Леонардо смета дека СМС комплетно ќе го „препороди“ средниот ред кој се смета за најслаба точка во тимот.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека тројца фудбалери би можеле да бидат продадени следното лето со што додатно би се наполнила касата на „Сан Сиро“.

Место за Милинковиќ-Савиќ треба да направи Кеси, кој е проценет на 40 милиони евра, како и Чалханоглу за кого Милан имаше понуда во јануари од 20 милиони евра. Неизвесна е иднината и на Патрик Кутроне чија цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра, но не добива голема минутажа покрај Пјонтек.

Покрај Милинковиќ – Савиќ, Милан како засилување за средниот ред сака да го донесе и италијанскиот репрезентативец Стефано Сенси.

На лето сигурно ќе пристигнат засилувања и на крилните позиции, а на радарот на „росонерите“ се Сент Максимин од Ница, Деулофеу од Ватфорд и бразилската ѕвезда Евертон од Гремио.