Официјално: Аквилани потпиша за Лас Палмас


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Лас Палмас го потврди трансферот на Алберто Аквилани, играчот потпиша две годишен договор со клубот од Шпанија.

Преку својата официјална веб страница, Лас Палмас објави дека Аквилани потпишал договор со клубот.

33 годишниот фудбалер на Милан, минатата сезона ја помина на позајмица во Сасуоло и настапи на 16 натпревари за клубот.

Аквилани беше и своевремено Италијански репрезентативец, каде на 38 настапи за националниот тим тој пет пати прецизно стрелаше.

Алберто Аквилани во својата богата кариера има настапувано за Милан, Рома, Ливерпул, Јувентус, Спортинг и Пескара.