Официјално: Алисон потпиша за Ливерпул! (ФОТО+ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Феноменалниот голман Алисон Бекер денеска ја напушти Рома и потпиша за Ливерпул, а трансферот веднаш беше потврден на социјалните мрежи.

Бразилскиот чувар на мрежата се сели во Англија за рекордни 67 милиони фунти, со што ќе го постави новиот светски рекорд за голмани.

Ова значи дека Алисон ќе биде прв чувар на мрежата наредната сезона на Ливерпул, додека Симон Мињоле или Лорис Кариус ќе се борат за да бидат резерва, освен ако некој од нив не одлучи да замине, што е многу веројатно.