Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бруно Алвес одлучи да го напушти Каљари по само 1 сезона помината во овој тим.
Алвес минатото лето стигна од Фенербахче, но реши на крајот на сезоната повторно да го смени клубот. Тој ќе продолжи во тимот на Ренџерс од Шкотска.
„Ренџерс објавува дека се договори со Алвес и тој е нашето прво засилување за наредната сезона. Среќни сме што пристигна во нашиот клуб.“
Овој 35-годишен фудбалер со овој тим потпиша договор на 2 години. Иако веќе е на крајот на кариерата, тој сеуште е член на Португалија со која минатата година стана шампион на Европа.