Официјално: Лестер го донесе првото засилување во 2017!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелниот англиски шампион Лестер денес официјално го претстави своето прво јануарско засилување.

Новиот фудбалер на Лестер е Вилфред Ндиди, кој е талентиран Нигериец што играше за Генк.

Тој има 20 години и со Лестер потпиша 5 и пол годишен договор.

Вилфред игра на позицијата дефанзивен играч за врска, но знае и да постигне по некој гол.

Во ЛЕ беше стрелец на два многу важни голови кои му обезбедија на својот поранешен клуб пласман во нокаут фазата.

Иако сеуште не е официјално, се претпоставува дека Лестер за Ндиди платил помалку од  18 милиони евра.