Официјално: Витсел потпиша за кинески клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зенит ја информира јавноста дека Аксел Витсел е нов фудбалер на кинеската Суперлига.

После пет сезони поминати во светло синиот дрес на Зенит, Аксел Витсел се реши да го напушти овој клуб.

Белгискиот фудбалер често во последните година дена е поврзуван со Јувентус, но на крајот се одлучи да оди во Кина каде што ќе заработува огромна сума на пари.

Во текот на својот претстој во Зенит Витсел одигра 180 натпревари, а постигна и 22 гола. Имаше покрај тоа и 13 асистенции.

Тијанџин е негов нареден клуб, Зенит му посака среќа во новиот клуб…

Инаку, Кинезите платија 25 милиони евра на сметката на Зенит, иако на Витсел договорот истекуваше на крајот на оваа сезона.