Официјално: Дауд има нов клуб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борусија Мехенгладбах ја потврди веста.

По патот на Марко Ројс. Махмуд Дауд во ова лето ќе ја напушти Борусија и оди во другата. Борусија од Мехенгладбах денеска официјално потврди дека го продаде 21-годишниот играч за врска на имењакот од Дортмунд!

„Одлуката е донесена. Дауд не напушта. Ја избра Борусија од Дортмунд“, рече спортскиот директор Менша Патри Еберл баш во денот кога германските медиуми објавија дека Ливерпул на Борусија понуди дури 25 милиони евра на име оштета, а на Дауд дури 7.5 милиони само за потпис.

Дауд сепак рече не. Иако тоа „не“ скапо ќе го чини неговиот досегашен клуб, бидејќи по договор со Менша слободата на Даур ќе ги чини скромни 10 милиони евра.

Борусија не ги соопшти финансиските детали од соработката. Порано се пишуваше дека Дортмунд е спремен да даде и дополнителни пари во премии.

„Битно е дека се решивме. И за Махмуд и за нас. Сега тоа прашање го тргнавме од дневен ред. Овој трансфер е уште еден доказ дека знаеме да работиме. Наша работа е да ги развиваме младите играчи. А парите кои ќе ги добиеме од Дауд ќе ги инвестираме. Се надеваме дека ќе пронајдеме адекватна замена“, истакна Еберл.

Махмуд Дауд во академијата на Борусија стигна во 2010 година, а член на првиот тим е од сезоната 2013/14. Одигра 52 лигашки натпревари, 16 европски и седум во Куп. Постигна седум голови и намести уште 14.

Во договор со Борусија од Дортмунд потпишано е на пет сезони.