Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега и официјално, иако се зборуваше со месеци, но немаше потврда. Ромелу Лукаку го отпушти Мино Раиола.
Иако многумина тврдат дека е во прашање притисок од Јунајтед кој сака да се ослободи од играчите на Раиола, изгледа дека нешто друго е во прашање. Лукаку донесе одлука пред неколку месеци, тогаш практично се беше готово, а по средената папирологија, неговиот нов застапник е агенција во која најпознато име е Федерико Пастотело.
Овој менаџер го застапува Конте, Кевин Принс Боатенг, но и низа италијански фудбалери.
Поради што Лукаку го отпушти Раиола кој го издејствува трансферот од 90 милиони во Јунајтед?
Поради како што се наведува лаги кои познатиот агент му ги сервирал на Белгиецот.
Желбата на Лукаку беше враќање во Челси, тој бараше од Раиола да се договори, но менаџерот разговарал само со Конте, не и со раководството на „Плавите“. Причината е едноставна, Јунајтед му нудеше многу поголема провизија, а имаше и подобра позиција поради Погба и Ибрахимовиќ.
Поради тоа, како што се наведува го насочил трансферот кон „Олд Трафорд“ иако не се состанал со Грановскај, Конте го сакаше Лукаку, но мораше на крајот да се задоволи со Мората, кој е всушност и најголемиот трансфер во историјата на Челси.