Официјално: Лестер донесе напаѓач од Франција

Од таборот на Лестер официјално соопштија дека го комплетирале трансферот на талентираниот напаѓач Фусени Диабате кој доаѓа од редовите на Ајачио.

22 годишниот интернационалец од Мали може да игра како напаѓач и на двете крилни позиции, а со некогашниот шампион во Премиер лигата потпиша четири и пол годишен договор.

Брзиот и талентиран офанзивен играч оваа сезона за Ајачио има вкупно 20 настапи на кои постигнал три погодоци.

Се очекува Диабате прво да добие шанса во у23 тимот на Лестер, а во следните месеци да добие шанса од Клод Пуел и во првиот состав на тимот.