Официјално: Лестер се засили на стоперската позиција

Лестер Сити го потврди трансферот на Хари Мегуајр откако потпиша петгодишен договор со дефанзивецот.

24 годишниот играч од одбраната за Хал минатата сезона настапи на 36 натпревари и беше еден од најдобрите поединци на тимот.

„Очигледно е многу возбудлив момент за мене. Откако видов дека Лестер е заинтересиран за мене сакав да потпишам за нив. За среќа јас сум тука и со нетрпение очекувам да почнам да играм за клубот.“- коментираше Мегуајр по потпишувањето на договорот.