Официјално: Манчестер Сити донесе уште едно засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити во своите редови го донесе 22 годишниот Бразилски голман, Едерсон.

Бразилецот официјално на клубот ќе му се приклучи на 1 јули. Во интервју за клупскиот сајт на Манчестер Сити, Едерсон не го криеше задоволството од потпишувањето на договорот со „Граѓаните“.

„Ми се допаѓа се околу Манчестер Сити. Клубот е одличен, лигата е одлична, а навивачите се неверојатни. Отсекогаш сонував да играм во Англија, а сега мојот сон ќе се оствари.“

Едерсон е второто засилување за тимот на Манчестер Сити, а  цената која „Граѓаните“  ќе ја платат на Бенфика изнесува околу 37 милиони фунти.